7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги победи САД во трговскиот спор

Кина ги победи САД во трговскиот спор

stoh54yu65u76sto

Светската трговска организација (СТО) соопшти дека американските антидампинг царини на увозот на кинеските производи не се во согласност со глобалните трговски прописи.

„Препорачуваме САД да ги усогласи своите мерки и обврски“, се наведува во соопштението на независната комисија СТО и се истакнува дека американските царини на кинеската стока се во согласност со глобалните прописи, пренесува агенцијата Франс прес.

САД уште од 2012 година ги зголеми царните за широк спектар на кинески производи, со тврдење дека кинеската влада незаконски ги потпомага евтините производи во САД со цел кинеските компании да се стекнат со поголем пазарен удел.

Кина, тогаш, на таквата одлука на САД поднесе жалба во СТО, а во текот на вчерашниот ден забележа победа во овој спор. Кина по соопштената одлука на СТО, побара од САД да ги почитува правилата на оваа трговска организација и да надомести за настанатата штета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП