4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на ЕЦБ бара да не се намалува буџетската дисциплина во име...

Шефот на ЕЦБ бара да не се намалува буџетската дисциплина во име на растот

mario-draghihgf783trfgb43g9urft4

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги побара членките на ЕУ да не ја намалуваат буџетската дисциплина во обид да го стимулираат економски раст, јави ДПА.

„Сегашните правила се веќе доволно флексибилни“, истакна Драги во своето обраќање на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Драги нагласи дека од долгови се излегува со генерирање на економски раст, а не со трошење и создавање нови долгови.

Преземените мерки досега даваат импулс за раст во следните две години, истакна шефот на ЕЦБ.

Истовремено, Драги предупреди дека ако започнатите реформи не бидат целосно спроведени, тоа може да му наштети на економското заздравување.

Структурните реформи се клучни за стимулирање на економијата, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП