6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЦ Јане Сандански и хотел Русија во финална фаза

СЦ Јане Сандански и хотел Русија во финална фаза

aerodrom sala

Спортскиот центар Јане Сандански и Хотелот Русија по само една година градежни активности влегува во финална фаза. Во изградбата на спортскиот центар активно се вклучија повеќе од 20 македонски фирми, и беа ангажирани повеќе од 1000 работници.

„Спортскиот центар Јане Сандански ќе претставува модерен мултифункционален објект кој ќе ги задоволува сите меѓународни стандарди, и истиот влегува во финалната фаза од својта подготовка. Како што и претходно беше најавено овој спортски центар  ќе има голема сала која ќе собира 5000 гледачи со 6 ВИП Зони, помала спортска сала со ракометни димензии, со капацитет за 250 гледачи, најмодерен фитнес и аеробик центар, конференциска сала, како и СПА центар кој ќе биде готов кон крајот на оваа година. Оваа сала ќе претставува репрезентативен објект во кој машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар, како и кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, гордо ќе го претставуваат во регионот и Европа“, изјави генералниот менаџер на СЦ Јане Сандански, Надица Димовска.

Во склоп на спортскиот центар во употреба ќе биде пуштен и хотел Русија. Хотел Русија кој претставува модерна архитектура инспирирана од богата руска историја ќе има 61 соба, од кои 28 еднокреветни соби, 12 двокреветни соби, 6 супериор соби, како и еден претседателски апартман. Ваквата категоризација и поделеност на хотелот ќе ги задоволи сите светски стандарди.

aerodrom sala2

„Презадоволна сум од тоа како се движаат работите на објектот и што по не цела година работа, успеавме да го донесеме во финална фаза. Направивме се што е во наша моќ за идните гости и посетители да се чуствуваат угодно, добредојдено и да понесат со себе пријатно искуство кое ќе ги врати во повторна наша посета. Хотел Русија, располага со 7 ката сместувачки капацитет и 3 нивоа со содржини како:  ресторан со уникатен пристап кон подготвуваната храна, професионална фитнес и аеробик понуда, СПА центар со базен – за релаксација, тениски терени, како и многу други услуги и организирани активности, за индивидуалци и групни посети. На кусо кажано, се за неизбежно задоволство на нашите гости. Она кое не прави различни и единствени во областа, а на кое сме особено горди, е комплетната понуда, за задоволување на потребите и желбите, на современиот посетител“, изјави генералниот менаџер на хотелот Дина Муцунска.

Генералниот менаџер на спорскиот центар Јане Сандански, како и генералниот менаџер на хотел Русија доаѓаат од населбата Аеродром, и беа одбрани по пат на јавен конкурс, каде ги исполнија сите услови предвидени во огласот.

aerodrom sala3

Надица Димовска, генералниот директор на СЦ Јане Сандански е поранешна ракометарка која своите почетоци ги има направено во екипата на Кометал Ѓорче Петров. Од таму се сели во РК Олимпик, и има настапувано за младинската репрезентација на Македонија. Има четири годишно искуство во менаџирање со спортски објекти како што е Спортскиот центар Форца, и 3 годишно искуство како оперативен директор на спортскиот центар Борис Трајковски. Во своето неколку годишно искуство има работено на организирање на натпревари од машката ракометна лига на шампиони VELUX EHF Champions League, женската ракометна лига на шампиони WHC EHF Champions League, натпревари од ракометната регионална SEHA GAZPROM SOUTHSTREAM LEAGUE, женска регионална ракометна лига, машката меѓународна кошаркарска лига FIBA EUROCUP, машката регионална кошаркарска ABA лига, Европско младинско првенство во борење, квалификации кошарка за Европско првенство, како и многубројни натпревари од домашни првенства во кошарка, ракомет и одбојка.

Генралниот менаџер на хотел Русија, Дина Муцунска претставува искусен професионалец во угостителство и хотелиерство. Таа доаѓа од позиција на директор и ко-сопственик на Хотел Манастир, Берово.

Спортскиот центар Јане Сандански се очекува да биде официјално отворен во месец Август.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП