27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест милиони Италијани живеат во апсолутна сиромаштија

Шест милиони Италијани живеат во апсолутна сиромаштија

jammas.hussain20130911234752830

Околу десет милиони од Италијаните, односно 16,6 проценти од популацијата, живеат во релативна сиромаштија, соопшти денес Заводот за статистика во Рим, Истат.

Од нив, 6.020.000 или 9,9 проценти од вкупното население живее во aпсолутна сиромаштија, а тоа значи дека оваа голема група на граѓани не можат да си дозволат да си ги купат основните намирници, производи и услуги за достоинствен живот, се вели во извештајот со наслов „Сиромаштијата во Италија“, пренесува агенцјата АНСА.

Додека стапката на релативна сиромаштија на домаќинствата беше стабилна во 2012 и 2013 (12,7 односно 12,6 проценти), стапката на апсолутна сиромаштија е зголемена, особено во јужниот дел од земјата, каде бројот на апсолутно сиромашни лица е зголемен од 2.347.000 во 2012 година на 3.072.000 во 2013 година, наведува Истат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП