8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите кои сакаат да тргуваат со отпад треба да извадат и дозволи...

Компаниите кои сакаат да тргуваат со отпад треба да извадат и дозволи за складирање и преработка

otpad-sg54y65uy7

Трговија со неопасен отпад може да вршат само компании кои имаат дозвола за негово складирање, третман или преработка.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, согласно најновите законски измени укинати се дозволите за тргување со неопасен отпад што некои фирми од оваа дејност ги поседуваат, иако рокот не им е истечен.

„Целта на законските измени кои веќе се во сила, односно на обврската – за тргување со неопасен отпад да се поседува и дозвола за негово складирање, третман или преработка, е елиминирање на манипулациите особено од аспект на затајувањето данок, како и контрола на материјалите, нивното влегување и излегување“, истакна Ана Каранфиловска Мазневска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Казните за нелегална трговија со неопасен отпад се 3-5 години затвор.

Според проценките, минатата година само три до четири компании од оваа дејност ја оштетиле државата за околу 5 до 6 милиони евра со затајување данок по различна основа.

Во Македонија околу 150 компании имаа дозвола за трговија со неопасен отпад и лиценци за негово складирање, третман или преработка, додека уште 100 фирми имаат дозволи само за трговија кои практично веќе не им важат.

„Доколку овие 100 фирми обезбедат соодветни услови за третман, складирање и преработка на отпадот, ќе добијат лиценци и ќе можат да продолжат да се занимаваат со оваа дејност“, посочи Каранфиловска Мазневска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП