28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во Индија

Забави инфлацијата во Индија

indiaInflation

Инфлацијата во Индија во јуни забави на четиримесечен минимум, покажаа денес официјалните податоци во Њу Делхи, но новата индиска влада може да се соочи со проблем во вид на раст на цените на храната поради лошата сезона на монсуните, која е клучна за земјоделците.

Индексот на големопродажните цени, кој е тесно следен индикатор за трошоците за живот во Индија, порасна минатиот месец за 5,43 проценти на годишно ниво, што е најбавното темпо од февруари, забавувајќи во однос на 6,01 проценти од мај, соопшти индиското Министерство за трговија, а пренесува агенцијата Франс прес.

„За јунското забавување на инфлација заслужни се статистичките причини. Повеќе загрижува сериозниот дефицит на дожд во клучните предели на Западна Индија и истовременото забрзување на основната инфлација“, изјави економистот Реге Никуре. Цените на храната во јуни пораснаа за 2,2 проценти на годишно ниво, а цените на горивото за 0,1 проценти.

„Доколку монсунските дождови не се случат наредниот месец, ќе се врати ризикот од раст на цените на храната“, наведува Никуре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП