29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте кога купувате костим за капење!

Внимавајте кога купувате костим за капење!

14-thevillagemarkets-vanishasblog-peonyswimwear

Најновите истражувања поврзани со испробувањето на облека ги предупредува сите дами да внимаваат следниот пат кога ќе пробуваат костими за капење.

Според резултатите од истражувањето, жените треба добро да обрнат внимание кога купуваат костим за капење. Имено, повеќето женски костими за капење имаат залепена заштитна фолија како своевидна заштита од инфекции.

Меѓутоа, оваа заштита не е доволна гаранција за заштита од бактерии и разни инфекции. Она на кое што научниците не предупредуваат е дека таа заштитна фолија е всушност полна со микроби.

Во текот на истражувањето најмногу нечистотија, бактерии и габички се пронајдени на костимите за капење и на долната облека. Ова немало врска со продавницата во која се купувале костимите. Валкањето на костимите се случува во луксузни продавници и во евтини бутици.

Иако жените секогаш се предупредуваат костимите за капење, а посебно долниот дел, да ги пробуваат преку долната облека, многу од нив сакаат да видат како костимот за капење всушност им стои.

Затоа, уште еднаш ве советуваме костимот за капење секогаш да го пробувате преку долниот веш и задолжително убаво да го исперете пред првото носење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП