19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во еврозоната во мај намалено за 1,1 отсто

Индустриското производство во еврозоната во мај намалено за 1,1 отсто

ind proizvodstvo

Индустриското производство во еврозоната во мај се намали за 1,1 отсто, откако во април забележа пораст од 0,7 проценти, соопшти денеска Евростат.

Падот на индустриското производтсво во мај е помало од прогнозата на економистите – 1,2 отсто.

На годишно ниво во однос на мај минатата година индустриското производство се зголемило за 0,5 проценти.

Во Европската унија индустриското производство се намали за 1,1 отсто на месечно ниво во мај, по зголемувањето од 0,7 проценти во април.

На месечна основа најголем пад е забележан во Португалија (3,6 отсто), потоа во Шведска (3,2) и Данска (2,1 проценти), а најголем пораст е регистриран во Романија (2,6), Литванија (1,6) и Холандија (1,1 отсто).

На годишно ниво најголем пораст на производството има во Романија (15 проценти), Литванија (10,2) и Унгарија (9,5), а најголем пад е забележан во Малта (11,9), во Франција (4,2) и во Финска (2,9 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП