4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако секогаш да го добиете токму тоа што го сакате?

Како секогаш да го добиете токму тоа што го сакате?

BusinessMan6t45w3t4w3y7

Како да ги натерате луѓето да го прават она што вие сакате да го прават, е една од големите психолошки мистерии.

Научниците ја проучуваат оваа тема веќе подолго време и се обидоа да најдат неколку докажани тактики.

Комплиментите водат до подобри резултати. Комплиментите стимулираат специфичен дел од мозкот кој доведува до повисоки перформанси.

Повторувајте ги зборовите кои ги употребил вашиот соговорник. На тој начин ќе покажете дека слушате што тој говори, а комуникацијата ќе стане пријатна.

Барајте повеќе од она што навистина го сакате. Секако дека ќе бидете одбиени, но кога ќе побарате помалку од тоа, пак ќе дојдете до вашата цел.

Обратете им се на соговорниците со нивното име. Луѓето сакаат да си го слушнат името.

Слушајте што ви говорат. Слушањето има поголема моќ од говорењето, на тој начин ќе дојдете до информаци и ќе изградите доверба.

Ласкањето навистина функционира. Луѓето кои се карактеризираат со доверба сакаат да слушнат потврда за својот квалитет, но таа мора да биде искрена.

Побарајте услуга од некој кога е уморен. Веројатно дека услугата ќе ви ја одложи за наредниот ден без да размисли што ветува, но сепак ќе добиете ветување кое ќе ви се исполни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП