25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија најави „помек“ план за намалување на буџетските трошоци

Србија најави „помек“ план за намалување на буџетските трошоци

belgradee

Вршителот на дожност министер за финансии на Србија Душан Вујовиќ денеска најави дека сака да ги „омекне“ претходно најавените намалувања на пензиите и платите во буџетскиот сектор, обидувајќи се да го смири пазарот два дена откако неговиот претходник Лазар Крстиќ поднесе оставка.

Лазар Крстиќ поднесе оставка како министер за финансии во саботата, изјавувајќи дека ја нема поддршката на премиерот Александар Вучиќ за ригорозните мерки на кои инсистираше со цел да се намалат буџетските трошоци и буџетскиот дефицит на Србија.

Со очекуваните разговори за кредит од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Крстиќ побара намалување на платите во државниот сектор за речиси 15 отсто и 20 процентно намалување на пензиите.

Вујовиќ, кој се очекува да биде назначен за постојан министер за финансии денеска изјави дека сака да ги намали државните плати и пензииите за десет отсто.

„Ќе се обидеме да останеме на тоа што е разумно, а десет отсто е разумно, истакна Вујовиќ. Тој нагласи дека сите, а не само вработените во државниот сектор и пензионерите, треба да ја понесат тежината за излез од тешката ситуација и да се стигне до ниво, кое е одржливо до 2017 година. Планот е линеарно да се намалува дефицитот за околу 60 милијарди динари (516 милиони евро) годишно. Предлогот на поранешниот министер Лазар Крстиќ беше ударот првата година да го понесат платите и пензиите, а мојата цел е тој да биде распределен не само врз платите и пензиите, туку и врз сивата економија“, вели Вујовиќ.

Тој истакна дека целиот пакет треба да биде прифатлив за Меѓународниот монетарен фонд и за глобалните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП