26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските бизнисмени поддржуват четиридневна работна недела

Американските бизнисмени поддржуват четиридневна работна недела

20110307-1k9hpebqaech1qxrsqji9y1dtu

Сопствениците на големите компании во САД во принцип сметаат дека воведувањето четиридневна работна недела е интересна идеја, но сепак тие не би поддржале предлог за намалување на бројот на работни часови во една седмица.

Ваквите сознанија поризлегуваат од анкетата на „Спектрем груп“, спроведена со деловни луѓе кои во својот бизнис располагаат со средства поголеми од еден милион долари.

Анкетата покажа дека од дури 69 отсто од бизнисмените-милионери поддржуваат укинување на еден работен ден во неделата. Тоа особено се однесува на жените-милионери, меѓу кои дури 82 проценти сметаат дека четири работни дена во неделата се вистинско решение.

Сепак, како што пренесува Ен-Би-Си, покусата работна недела, според бизнимените подразбира подолго работно време. Многу милионери сметаат дека за нивните дејности и натаму се потребни 40 работни часа неделно по вработен, но и дека на работниците повеќе би им одговарало да работат четири дена неделно по 10 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП