4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема забрзување на економскиот раст на Кина

Нема забрзување на економскиот раст на Кина

kinagbety54

Кинескиот економски раст не успеа да забрза во вториот квартал, и покрај државните мерки за стимулација, па се верува дека втoрата по големина светска економија ќе го забележи најлошиот резултат во последните 24 години, покажа анкетата на агенцијата Франс прес, во која учeствуваа 17 економисти.

Според мислењето на економистите, бруто домашниот производ (БДП) на Кина е зголемен во вториот квартал на 7,4 проценти на годишно ниво, пренесува агенцијата Франс прес.

Официјалните податоци на кинескиот Завод за статистика се очекуваат на средина на неделата.

Кина и во првиот квартал евидентираше раст на БДП од 7,4 проценти, во однос на 7,7 проценти од претходните три месеци, и тоа е најслабиот резултат од третиот квартал во 2012 година.

Пекинг во април започна со серијата мерки со цел решавање на проблемот со бавниот економски раст, вклучувајќи ги даночните олеснувања за малите претпријатија, насочените инфраструктурни инвестици и охрабрувањето на кредитирањето во руралните средини.

Кинеската економија порасна за 7,7 проценти во 2013 година, како и во 2012 година, што е најслабото темпо од растот од 7,6 проценти во 1999 година. Економистите прогнозираат раст на БДП од 7,6 проценти, во однос на 7,4 проценти, колку што изнесуваше претходната прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП