6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansа ќе ја менува стратегијата

Lufthansа ќе ја менува стратегијата

Lufthansa_Beta111

По серијата штрајкови на вработените, извршниот директор на „Lufthansа“, Карстен Шохр и самиот е соочен со тешки избори доколку сака својата компанија да ја одржи профитабилна, па затоа иницираше нова стратегија за „Lufthansа“.

Тие „фрлија око“ на пазарот на нискотарифни авио-превозници, кои моментално нудат најголема можност за заработка.

„Lufthansa“ се соочува со конкуренцијата на неколку фронта – од нискобуџетните авиопревозници до авиокомпании од Блискиот исток, но новиот извршен директор вели дека има рецепт за успех кој никогаш не бил потребен, затоа што пазарната вредност на германскиот гигант минатиот месец за само еден ден падна за две милијарди долари.

„Гледаме дека расте потребата за постојани линии меѓу патниците, кои сакаат да патуваат по поволни цени. Интерес постои првенствено во Германија, но и на другите пазари на кои дејствува „Lufthansа“ во Европа. Со цел да не го загрозиме концептот на брендот „Lufthansа“, мислам дека сосема друг бренд, како оној кој го изградивме со „Germanwings“ кога станува збор за кратките летови, исто така ќе донесе успех и на подолгите релации“, објаснува Шохр.

Таа стратегија би требало да означи продор на „Lufthansа“ на пазари на кои досега владеат значително помалите, нискобуџетни авиокомпании. Некои аналитичари, сепак се сомневаат во одржливоста на новиот бизнис модел.

„Ако основате нова компанија внатре во етаблирана групација како што е „Lufthansa“, работите стануваат покомплицирани и ги бунат клиентите, а тоа на крај ќе значи поголеми трошоци и неефикасност во водењето на работата“, предупредува Џон Стрикленд, независен авиоконсултант.

„Lufthansa“ не е единствениот етаблиран авиопревозник кој забележа загуби поради неспособност да се справи со се посилната конкуренција.

Нејзиниот пример наскоро би можела го следи и групацијата „Air France-KLM“, која најверојатно предупреди дека нејзиниот профит би можел да падне поради вишокот на капацитет и проблемот во секторот на транспорт на роба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП