13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва ќе му донесе предност на Airbus

Ова ќе му донесе предност на Airbus

120048400553c393517568e260265574_640x424

Европскиот производител на авиони „Airbus“ започнува со производство на нова верзија од познатиот патнички авион А330 со цел тој да биде попривлечен од конкурентскиот авион на „Boeing“.

Новиот авион А330neo (New Engine option) ќе има мотор на британскиот „Rolls Royce“ и ќе биде достапен во две верзии А330-800neo и А330-900neo.

Првите испораки на авионите од оваа нова верзија со двомоторен среден опсег се очекуваат во 2017 година.

Главниот конкурент на А330 е Boeing 777 кој има релативно поголем опсег.

„Airbus“ со седиште во францускиот град Тулуз, настана во 1970 година со заедничка соработка на Франција, Велика Британија, Германија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП