2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Светот доби нов владател, а тоа е Германија!

СП 2014: Светот доби нов владател, а тоа е Германија!

germanija sampioni

Репрезентацијата на Германија е нов светски фудбалски првак, откако доцна синоќа во финалето на „Маракана“ во Рио де Жанеиро ја совладаа Аргентина со 1:0 дури по продолженија.

Решавачкиот момент на завршниот дуел од Мундијалот во Бразил се случи во 113-та минута кога „резервистот“ Марио Геце го постигна голот вреден шампионски трофеј.

Во основните 90 минути и првото продолжение немаше голови, иако двете селекции создадоа по неколку сериозни шанси. Гонзало Игуаин во 21-ва минута ја имаше најголемата прилика да им донесе водство на „гаучосите“ но неговиот удар заврши крај голот на Мануел Ноер. На другата страна Бенедик Хеведес ја погоди стативата по корнерот пред крајот на првото полувреме.

Ниту во вторите 45 минути не се затресоа мрежите, а најблиску до такво нешто беа Лионел Меси кај Аргентина и Тони Крос кај Германија.

Првото продолжение го одбележаа Андре Шурле со добриот удар и шансата на Родриго Паласио. Потоа следуваше погодокот на Геце по кој Аргентинците не успеаја посериозно да се заканат.

За Германија ова беше четврта титула светски шампион и прва по пауза од 24 години. Воедно германската репрезентација е првата од Европа која успеа да го освои трофејот на Мундијал одржан на јужноамериканскиот континент.

„Панцирите“ покрај оваа и титулата од 1990 година (Италија), победуваа и 1974 и 1954 година. Аргентина остана на двата наслова – 1978 (Аргентина) и 1986 (Мексико).

Следното светско првенство се игра по четири години во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП