19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој се плаши од Google

Кој се плаши од Google

10530942_1437277366557375_386123999710234222_n

Интернет купувањето кое во Америка практично е дел од секојдневниот живот зема замав и во прехрамбената индустрија.

Компаниите се одлучни во намерата да се борат за секој купувач, а така „Amazon Fresh“ кој нуди секојдневна достава на храна од неодамна доби конкуренција од страна на компанијата „Google“.

„Google“ одлучи да инвестира 500 милиони долари во неговиот нов потфат „Google Shopping Express“ кој може да стане сериозна конкуренција на „Amazon Fresh“ со оглед на поголемата достапност на пребарувачот и фактот дека потенцијалните купувачи прво мора да „пројдат“ низ „Google“ за да го посетат „Amazon“.

Меѓутоа, постои уште еден важен факт кој му дава предност на „Google“, а тоа се добавувачите. Додека „Amazon Fresh“ овошјето и зеленчукот го чува во своите складишта и камиони-ладилници, „Google Shopping Express“ работи со локалните продавници, и на тој начин освен кон купувачите, отвора врати за соработка и со трговските ланци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП