2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Евтин гас за Европа до 2017

Газпром: Евтин гас за Европа до 2017

gazprom2

„Газпром“ до 2017 година би можел да ја намали цената на гасот по долгорочните преговори за 17 проценти, на 320 долари за илјада кубни метри, пишува весникот „Vjedomosti“.

„Газпром“ обично ги планира цените врз основа на прогнозите на Министерството за развој, рече за весникот извор близок на компанијата.

Цените на гасот во Европа во основа се врзани за котирањето на нафтата. Според прогнозите на министерството, во 2014 година нафтата ќе чини 104 долари за барел, а во 2015 и 2016 година по 100 долари за барел, што значи дека фактички нема да се измени, наведува весникот.

Веројатно калкулациите се направени и врз основа на тематските цени за европските пазари, рече друг извор близок до компанијата.

До пад на цените ќе дојде поради ширењето на изворите за снабдување, вклучувајќи ја и употребата на технологија за добивање на гас од шкрилците, рече претставник од министерството за економски развој. Во среднорочна перспектива, тоа ќе доведе до заситување на пазарите. Како резултат на тоа, цените на гасот постепено ќе се намалуваат во однос на цените на нафтата.

Цените на „Газпром“ во Европа го достигнаа максимумот во 2008 година, во текот на кризата паднаа и на претходното ниво се вратија во 2012 година. Минатата година повторно почнаа да паѓаат. Тоа му овозможи на „Газпром“ да го зголеми извозот на рекордни количини, пишува „Vjedomosti“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП