20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 правила за успех од големиот Ендру Карнеги

10 правила за успех од големиот Ендру Карнеги

gsv-hof-andrew-carnegie

Ендру Карнеги пристигнал во САД во 1848. година со помалку од еден долар во џебот. Во 1901. година тој бил најбогатиот човек во светот. Прочитајте ги правилата за успех на легендарниот бизнисмен и филантроп.

1. Одредете ја вашата цел

Направете план за акција и започнете веднаш да работите на него.

2. Создадете силни сојузи

Бидете во врска и соработувајте со луѓето кои го поседуваат тоа што вие го немате.

3. Надминете се себеси

Да работите повеќе отколку што морате е единствената работа која ги оправдува покачувањата и унапредувањата и ги става другите луѓе под ваша команда.

4. Практикувајте „применлива вера“

Верувајте целосно во себе и во вашата цел за да имате самодоверба со која ќе можете да работите.

5. Преземете иницијатива

Работете се што треба да се сработи иако тоа никој не ви го кажал.

6. Замислувајте големи нешта

Дозволете си да мислите повеќе од она што е веќе направено.

7. Ширете ентузијазам

Позитивниот став ќе ве доведе до успехот и ќе ви овозможи да го освоите почитувањето од другите.

8. Размислувајте прецизно

Прецизното размислување е способност да ги разделите фактите од фикцијата и тоа да го искористите за да ги надминете сопствените грижи или проблеми.

9. Фокусирајте ги вашите напори

Не дозволувајте вниманието да ви биде пренасочено од најважната работа која ја работите во моментот.

10. Профитирајте и од загубата

Запомнете дека секогаш постои чекор напред еквивалент на секој чекор назад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП