28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпаркасе банка со промоции во пресрет на Охридско лето

Шпаркасе банка со промоции во пресрет на Охридско лето

sparkase-banka111

Во пресрет на овогодинешното 54-то издание на фестивалот Охридско лето, Шпаркасе Банка најавува низа промоции и повластени услови со намалени каматни стапки и провизии за сите правни и физички лица кои ќе аплицираат во експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид.

„Покрај поддршката на Фестивалот, Шпаркасе Банка на сите нови клиенти – физички лица им нуди потрошувачки кредити со каматна стапка за 0,50 отсто пониска од редовната, кредитна картичка со фиксна каматна стапка од 6 отсто за првите 6 месеци и пречекорување по трансакциска сметка без провизија за одобрување, додека пак правните лица добиваат бесплатно одржување на сметка и електронско банкарство во првите 6 месеци, одобрување на кредити без провизија, како и бесплатни Виза бизнис картички“, информираат од Банката.

„Со поддршката на „Охридско лето“, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани што го збогатува културниот живот и придонесува кон афирмирање на културата и уметноста. Нашата заложба останува активно да придонесеме кон развојот и унапредувањето на уметноста во земјата“, изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Општествената одговорност е стратешки приоритет во корпоративното управување на Шпаркасе Банка Македонија, наведуваат од Банката. Иницијативите во доменот на вложување во општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на културата, уметноста и филмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП