7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНулта инфлација во Шпанија

Нулта инфлација во Шпанија

147019826853bfcf3d0638c091872658_640x425

Цените на мало во Шпанија во јуни останаа на стабилно ниво, а инфлацијата на годишно ниво изнесува нула проценти, соопшти Заводот за статистика Ине.

Во Шпанија во март била забележана негативна инфлација од 0,2 проценти, што ги загрижи аналитичарите поради опасноста дефлацијата да земе замав не само во оваа, туку и во останатите земји на еврозоната, пренесува АФП.

Сепак, во април беше забележано стабилизирање и потрошувачките цени се зголемија за 0,3 проценти, а во мај за 0,2 проценти.

Инфлацијата во Шпанија во јуни која изнесуваше нула проценти е резултат на поевтинувањата на прехрамбените производи и безалкохолните пијалоци за 1,5 проценти, како и падот на цената на електричната енергија.

Шпанската инфлација останува далеку под два проценти, колку што е целта на Европската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП