9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПривршува жетвата на јачмен во Кумановско

Привршува жетвата на јачмен во Кумановско

жетваzsad43y65i87

Во Кумановско се ожнеани 80 проценти од вкупно 8.713 хектари засеани со јачмен. Од овие површини индивидуалните земјоделци засеале 7.713 хектари, а илјада хектари земјоделските претпријатија, покажуваат податоците на подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

„Очекуваниот принос кај земјоделските претпријатија е 4.500 килограми по хектар, додека кај индивидуалните земјоделци се очекува од 3,5 до 4.000 килограми по хектар“, вели раководителот на подрачната единица на ресорното министерство Насер Даути.

Од вкупните 12.820 хектари насеани со пченица, 10 проценти се ожнеани. Од нив 10.820 ги насеале индивидуалните земјоделци, додека 2.000 хектари земјоделските претпријатија.

„Очекуваниот принос за пченицата кај земјоделските претпријатија е пет тони по хектар, а кај индивидуалните земјоделци од 3.000 до 4.000 килограми по хектар, посочува Даути. Од подрачната единица на Министерството информираат дека оваа производна 2014 година се карактеризира со невообичаено долг, врнежлив период, што придонесе за развој на бујна вегетација, добри услови за развој на житните култури и очекувања за добар род.

„Почетокот на жетвата ги оправда очекувањата така што приносите од јачмен се поголеми споредено со минатата година, а се очекува и приносот на пченицата да биде поголем од просекот, но на одредени површини кај пченицата се јавуваат и последици од болести, штеточини и плевели, така што на некои површини се јавуваат слаби приноси на пченицата со лош квалитет на зрното“, информира Даути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП