9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеска компанија планира инвестиции во земјоделството во Бугарија

Кинеска компанија планира инвестиции во земјоделството во Бугарија

Bulgarian-wine-in-China

Кинеска компанија има намера да инвестира околу 150 милиони долари во земјоделството и преработката на земјоделски производи во реонот на бугарскиот град Добрич, јави БТА.

Бугарскиот заменик-министер за земјоделство Јавор Гечев и информира дека станува збор за кинеската компанија што досега инвестирала во повеќе места во светот, а сега предвидува нејзината следна инвестиција да биде во Бугарија.

Компанијата во почетокот планира да извезува земјоделски производи за Кина, како и да откупува млеко и пилешко и телешко месо, а во наредната фаза предвидува и изградба на капацитети за преработка на сончоглед и пченка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП