18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена продажбата на земјоделски производи

Намалена продажбата на земјоделски производи

zemjodelski proizvodi

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во мај 2014 година изнесува 760.096.000 денари што претставува намалување за 17,7 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 13,8 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата за 21,4 отсто.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и добитокот, додека зголемување кај индустриските растенија, живината, јајцата, млекото, млечните производи и рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП