25 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јуни пониски цените на производителите на индустриските производи

Во јуни пониски цените на производителите на индустриските производи

industriski proizvodi22

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни се пониски за 0,2 проценти на месечно, односно за 0,7 проценти на годишно ниво.

Во споредба со мај продажните цени се пониски во групите Енергија и во Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 проценти, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка индексите се на исто ниво.

За разлика од јуни 2013 година, продажните цени се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП