29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредношколци од Илинден на практична настава во Кемет електроникс

Средношколци од Илинден на практична настава во Кемет електроникс

57221-macedonia-plant-front-ext-1-md

Општина Илинден и компанијата „Кемет електроникс“ потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој американската компанија за електронски производи ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште „Илинден“.

Меморандумот за соработка што го потпишаа градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски и управителот на Кемет електроникс, Гуидо Галени, овозможува подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во средното стручно училиште „Илинден“. Општина Илинден досега потпиша со компаниите МЕПСО, Џонсон Контролс, Џонсон мети, Ван Хол и ОКТА.

Соработката со бизнис секторот е дел од приоритетите на Општина Илинден во насока на намалување на невработеноста. Тоа беше и главна цел поради која се воведе средно образование кое што профилира кадри според потребите на локалната бизнис заедница, практика од поодамна позната во светот, која што кај нас за прв пат се применува во Илинден, информираат од општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП