27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕден е Галичник, едно е СКОПСКО!

Еден е Галичник, едно е СКОПСКО!

SKOPSKO & Galicka svadba_FOTO 1

И годинава, 41-ва по ред, СКОПСКО е нераскинлив дел од „Галичка свадба“ – единствената културно-сценска манифестација од ваков вид во земјава и пошироко

Добро е познато дека ниедна прослава, а посебно свадба не може да помине без одлично пиво. Ако е така, тогаш сосема природно е што и оваа година Галичките свадбари, нивните гости и посетителите на најпознатата свадба на овие простори одново ќе наздрават со СКОПСКО.

За да може оваа уникатна традиција да продолжи, Пивара Скопје и годинава обезбеди финансиска поддршка за организација на манифестацијата, како и неопходните количини СКОПСКО, кое повеќе од четири децении континуирано е неодвоив дел од Галичка свадба која традиционално се одржува на Петровден (12-ти и 13 јули) во селото Галичник.

Дополнително, пред заминување за Галичник и почетокот на свадбените подготовки, зетовците Иван Сариевски и Стефан Куновски и нивните избранички Ана Гареска и Маргарита Ивановска, беа специјални гости на Пивара Скопје, каде „од прва рака“ се запознаа со создавањето на еден од најпознатите македонски брендови – СКОПСКО како автентична приказна што трае веќе 90 години.

„Традицијата е дел од секој од нас. Таа не дефинира како луѓе и не прави тоа што сме. Горди сме што стануваме дел од еден од најзначајните белези на македонската традиција – Галичка свадба. Истовремено, среќни сме што во земјава постојат и автентични брендови каков што е СКОПСКО, за кои заслужено велиме дека се дел од нашето богатство и затоа ние сме негови амбасадори. Тоа ни дава право да кажеме – Еден е Галичник, едно е СКОПСКО!“, рече зетот Иван Сариевски, инаку внук на познатиот виртуоз на македонската изворна песна – Александар Сариевски.

При посетата на Пивара Скопје, специјалните гости се закитија со титулата „Амбасадори на пивото“, што е уште еден симболичен детаљ по кој ќе ги паметат деновите кога станале дел од уникатната македонска традиција.

„Ни претставува голема чест и задоволство што, како компанија и бренд со 90 годишна традиција, сме составен дел од оваа единствена манифестација. Посебно нѐ радува можноста што му е дадена на СКОПСКО да биде пијалакот со кој сите ние ќе им посакаме многу здравје и бериќет на Галичките младоженци, но и на сите брачни парови во Македонија“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, специјалист за односи со јавност во Пивара Скопје.

И оваа година најпознатата македонска свадба во Галичник, се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе бидат сведоци на оригиналните свадбени обреди проследени со традиционални народни носии, песни и ора кои пленат со својата автентичност, убавина и културна вредност.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП