19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWhirlpool купува контролен пакет во Indesit за 1 милијарда долари

Whirlpool купува контролен пакет во Indesit за 1 милијарда долари

whirlpool 299

„Whirlpool Corp.“ постигнала договор да плати 758 милиони евра (1 милијарда долари) за контролен пакет во италијанскиот производител на домашни електрични уреди „Indesit Co.“.

Тоа е најголемата зделка за „Whirlpool“, откако го стекна својот поранешен ривал „Maytag Corp.“ пред осум години. „Whirlpool“ ќе плати по 11 евра по акција на „Fineldo SpA“ и на некои членови од фамилијата Мерлони, која е основач на „Indesit“, па така ќе се здобие со вкупно 60% од компанијата.

Акциите, кои ќе бидат купени по цена со 4.5% повисока од цената на затворањето на берзата вчера, претставуваат 67% од акциите со право на глас на компанијата со седиште во Фабриано, Италија.

Минатата година американската компанија „Whirlpool“ стекна мнозински удел во „Hefei Rongshida Sanyo Electric Co.“ за околу 552 милиони долари. „Whirlpool“ лани генерираше 16% од продажбата во Европа, Блискиот Исток и Африка и 54% од Северна Америка.

Од „Whirlpool“ очекуваат финализирање на зделката за „Indesit“ до крајот на годината, по добивање на одобрение од надлежните регулаторни тела. По стекнувањето „Whirlpool“ задолжителното ќе упати барање за купување на сите други акции на „Indesit“.

„Indesit“ генерира повеќе од половина од приходите во Западна Европа. Компанијата имала 16.300 вработени кон јуни 2013-та година, додека за „Whirlpool“ работат 69.000 луѓе.

Акциите на „Whirlpool“ поевтинија за 11% во оваа година. Вчера цената им падна за 1.4% во Њујорк до 139.21 долари. Договорот за „Indesit“ беше објавен по затворањето на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП