4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги намалува интервенциите на девизниот пазар

Кина ги намалува интервенциите на девизниот пазар

kinasde1

Кина е посветена на намалување на интервенциите на девизниот пазар и се подготвува за поголема транспарентност во монетарната политика, изјави вчера американскиот министер за финансии Џек Лу.

„Кина се подготвува за освојување на поголема транспарентност, особено во поглед на девизниот курс, со што ќе се олесни и забрза движењето на оваа земја кон девизниот курс утврден од страна на пазарот. Ваквите мерки ќе и помогнат на Кина во спроведувањето на реформите“, изјави Лу во дводневниот американско-кинески „Стратешки и економски дијалог“ во Пекинг, пренесува агенција АП.

Како една специфичност во тој дијалог, се појави и прашањето за климатските промени, па така САД и Кина потпишаа осум заеднички проекти наменети за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и воспоставување на далеку поефикасна енергетска мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП