11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIndiGo купува 200 авиони од Airbus

IndiGo купува 200 авиони од Airbus

indigo

Индиската нискобуџетна авиокомпанија „IndiGo“ преговара со компанијата „Airbus“ за купување на дополнителни 200 авиони А320 со вкупна каталошка вредност од 20,6 милијарди долари.

Договорот би можел официјално да биде претставен наредната недела по отворањето на авиосалонот во Фарнборо, Англија, пренесува Блумберг, повикувајќи се на информираните извори.

Според лицата запознаени со ситуацијата, aвиокомпанијата „IndiGo“ ја разгледувала можноста за нарачка од „Boeing“, но и далa предност на европската компанија. Се очекува „Airbus“ во Фарнборо да ја претстави обновената верзија на авионот А330 со економичен мотор.

Производството на „А330 neo“ ќе започне во 2016 година, а неговата каталошка вредност е 245,6 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП