18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство во цела Европа

Пад на индустриското производство во цела Европа

padekonomski

Индустриското производство во мај е намалено во цела Европа, поттикнувајќи ги стравувањата дека слабото економско закрепнување на регионот забавува, велат аналитичарите.

Франција, Италија и Холандија забележаа слаби резултати, а тука се приклучија и Германија и Британија, кои податоците за пад на производството ги објавија претходно оваа недела, пренесува агенцијата Франс прес.

„Сите земји потфрлија во однос на очекувањата“, изјави економистот Кристијан Шулц.

Француското индустриско производство е намалено во мај за 1,7 проценти, по благиот раст од претходниот месец, а италијанското е намалено за 1,2 проценти, што е најголемиот пад од месец ноември 2012 година. Индустриското производство во Холандија е намалено за 1,9 проценти, а во Германија за 1,8 проценти. Во Британија падот изнесува скромни 0,7 проценти.

Аналитичарите наведуваат дека на слабите резултати влијаеле календарските фактори, но производството најмногу било загрозено и од надворешните фактори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП