1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Романија достигна историски минимум

Инфлацијата во Романија достигна историски минимум

inflacijapotroshuvachkakorpa646476

Инфлацијата во Романија во јуни достигна историски минимум од 0,66 проценти на годишно ниво, соопшти Заводот за статистика ИНС.

Потрошувачките цени во Романија, членка на ЕУ но не и на еврозоната, се намалени во јуни за 0,27 проценти во однос на претходниот месец, пренесува агенцијата АФП.

Најмногу поевтиниле прехрамбените производи – 0,74 проценти во однос на мај 2014 година. Цените од услужните дејности се намалени за 0,18 проценти. Поскапиле само непрехрамбените производи и тоа за 0,08 проценти.

Во мај веќе бил забележан инфлаторен историски минимум од 0,94 проценти во однос на априлската инфлација од 1,21 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП