28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвидентни резултатите од владиниот проект - странски искуства за конкурентно земјоделство

Евидентни резултатите од владиниот проект – странски искуства за конкурентно земјоделство

zemjodelstvo12

Примена на современа технологија, модерни машини кои со еден чекор извршуваат неколку операции, навремена сеидба, правилно користење препарати и квалитетен семенски материјал, се само некои од препораките на германскиот експерт Ханс-Јоаким Екарт за поголем и подобар принос во земјоделството.

Екарт е ангажиран во Агрокомбинатот „Вардар – Градско“ како дел од владиниот проект за странска стручна помош со цел унапредување на бизнис секторот во сите сфери.

Неговиот начин на работа е примена на знаењето директно, на терен, и постојана присутност, особено во периодот од мај до октовмри.

„Во сушни области како што е оваа и во услови кога почвата не е најдобра, може да се постигнат добри резултати. Основата е во обработката на почвата. Агрономите тука точно знаат што прават, но проблемот е во механизацијата. Не е доволно само да се купи нова техника. Доколку примената на технологијата остане иста, ефектот ќе биде половичен“, изјави германскиот ескперт на денешната средба со новинарите.

Најголем дел од земјоделските активности треба да се завршат, потенцира, со најмал број чекори. Само така загубите на вода ќе бидат минимални, а ќе се намалат и трошоците.

„Не смее евентуалните слабости или грешки при обработката да се компензираат со погуста сеидба. Тоа е контрапродуктивно“, укажа Екарт.

Оценувајќи ги состојбите на терен, истакна дека годинава очекува повисоки приноси од лани, но со послаб квалитет.

Комбинатот е подготвен да ги прифати неговите сугестии, размислува за инвестиции и, како што вели раководството, очекува зголемување на сегашниот просек од 4,5 тони пченица на хектар.

„Сите препораки кои главно се однесуваат на техничката опременост, механизацијата и приклучните машини, ќе бидат прифатени. Ќе се применат и нови начини на обработка според сугестиите на Екарт. Доколку тоа ги подобри приносите, ќе стане пракса“, нагласи Роби Огевски, агроном во „Вардар – Градско“.

Владиниот проект, што почна годинава, ангажира експерти од повеќе земји, Германија, Холандија, Австрија, Швајцарија, …, во различни области, земјоделство, информатичка технологија, туризам, образование, преработувачка индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП