3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на бугарскиот извоз од почетокот на годината

Пад на бугарскиот извоз од почетокот на годината

izvoz1

Извозот на Бугарија во странство во периодот јануари-мај 2014 се намалил во однос на истиот период лани за 14,8 проценти, објави денеска бугарскиот Национален институт за статистика.

Како што јави БТА, буграскиот извоз во наведениот период изнесувал три милијарди евра.

Главни трговски извозни партнери на Бугарија се Турција, Кина, Сингапур, Русија, Македонија и Обединетите Арапски Емирати, на кои заедно отпаѓа 54,4 проценти од вкупниот бугарски извоз.

Во мај 2014 година извозот на Бугарија е намален за 0,6 проценти во однос на истиот месец лани и изнесувал 700 милиони евра.

Увозот во Бугарија во првите пет месеци од годинава е намален за 5,2 проценти и изнесувал 3,9 милијарди евра.

Најмногу стоки во Бугарија се увезени од Руската Федерација, Турција, Кина и Украина.

Во мај 2014 увозот на Бугарија се зголемил за 0,5 отсто во однос на истиот месец лани и изнесувал 900 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП