19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтурнарас: Закрепнувањето на Грција не е одржливо без нови кредити

Стурнарас: Закрепнувањето на Грција не е одржливо без нови кредити

264034_janis-sturnaras-foto-ap_f

Закрепнувањето на Грција не е одржливо без нови кредити, изјави денеска гувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнарас, јави дописникот на МИА од Атина.

Тој истакна дека досегашното опоравување на Грција не се потпирало на заеми на банката, „која практично не постоеше“. Сепак, Стурнарас предупреди дека тоа не може да продолжи ниту во Грција, ниту во Европа, додавајќи дека економијата треба да забележи позитивни стапки на кредитна експанзија, со цел закрепнувањето да биде одржливо.

Стурнарас рече дека мерките на Европската централна банка ја зголемиле довербата на инвеститорите.

Шефот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) Клаус Реглинг денеска во Атина рече дека грчкиот долг е одржлив. Сепак, тој ја повика земјата да продолжи со структурните реформи, со цел натамошно подобрување на конкурентноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП