18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСезоната ја намали невработеноста во Хрватска

Сезоната ја намали невработеноста во Хрватска

hrvatzko krajbrezje

На крајот на јуни во евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување биле регистрирани 304,925 невработени, што во однос на месец мај е намалување за 6,9 проценти или за 22,583 лица.

На годишно ниво, во споредба со јуни 2013 година бројот на невработени лица е помал за 4,1 проценти или 13,185 лица, објави хрватскиот Завод за вработување.

Со тоа, главно поради влијанието на сезонското движење, четврти месец по ред продолжува да се намалува невработеноста.

Тој тренд продолжи и на почетокот на јули, за што говорат податоците од Заводот, според кои моменталниот број на невработени изнесува 301.971 лица.

Во јуни на сезонските работни места се вработени 10.670 лица, или 41,9 проценти од вкупно вработените лица. Тоа е за 13,6 проценти повеќе во однос на претходните месеци, а за 15,3 проценти повеќе во однос на месец јуни минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП