28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdria Airways: Се е според законот

Adria Airways: Се е според законот

adria airwayse

Словенечката авиокомпанија „Adria Airways“ не примила незаконска државна помош, заклучи Европската комисија (ЕК).

ЕК минатата година започна истрага за докапитализацијата на овој авиопревозник во кој државата инвестираше 79,6 милиони евра во периодот меѓу 2007 и 2011 година.

Според оценката на ЕК, дополнителниот капитал кој слoвенечката држава го вложила во „Adria Airways“ не е инвестиран надвор од европските правила за пазарна конкуренција и со истрагата е потврдено дека оваа авиокомпанија на тој начин не се стекнала со неоправдана предност во однос на конкуренцијата.

Задоволен од одлуката, директорот на „Adria Airways“ Марк Анжур изјави дека тоа што средствата не треба да бидат вратени ќе и овозможи на компанијта оваа година целосно да му се посвети на очекуваното позитивно работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП