10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали би го жртвувале пријателството на работа за да добиете унапредување?

Дали би го жртвувале пријателството на работа за да добиете унапредување?

muskarci_zene

Управувањето со кариерата никогаш не било лесно, а т.н генерација „Y“ (millennials), најголемата возрасна група во САД, сега се соочува со посебно конкурентна средина. Според анкетата на LinkedIn која е спроведена на 11,500 лица во целиот свет, генерацијата „Y“, во која спаѓаат оние кои се родени од 1980 до 2000 година, нема да му допуштат на никого да им застане на нивниот пат до успехот, особено не на пријателите и колегите од работа.

Дури 68 проценти од ипитаниците од 18-24 години изјавиле дека би го жртвувале пријателството со колегата, ако тоа значи дека би биле унапредени. Од друга страна, т.н „baby boomers“ генерација, која денес има од 55-65 години, тврди дека оваа опција никогаш не би ја ни размислите, и тоа го тврдат дури 62 проценти од оваа генерација.

Припадниците на генерацијата „Y“ се покажаа како нелојални на работодавците, а сега како стојат работите, тие се нелојални и едни кон други. Истражувањето кое го спроведе „LinkedIn“ укажува дека оваа генерација пријателството на работа го смета само за функционално. Така, една третина од испитаниците смета дека дружењето со колегите им помага при напредувањето во работата, додека од старата генерација тоа го мислат само пет проценти. Околу 30 проценти од испитаниците истакнале дека пријателствата на работа ги поттикнуваат на поголема продуктивнот, а речиси една половина дека ваквите врски на работа ги мотивираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП