
Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ останува при неодамна ревидираната прогноза за профитот во оваа година, наведувајќи дека планира да го прошири работењетo во нискобуџетниот сектор.


Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ останува при неодамна ревидираната прогноза за профитот во оваа година, наведувајќи дека планира да го прошири работењетo во нискобуџетниот сектор.
„Lufthansa“ наведува дека, и покрај инвестициите кои се неопходни за низа нови стратешки мерки, уверена е дека ќе ги оствари прогнозираните резулати во 2014 и 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.
„Извршниот одбор очекува профитот од работењето во тековната година да изнесува околу милијарда евра“, наведува компанијата, која минатиот месец ја намали прогнозата за 2014 и 2015 година поради разочарувачките резултати во патничкиот и товарниот авиосообраќај и финансиските проблеми поради честите штрајкови.
Компанијата, сепак, за да ги исполни целите, ќе го намали обемот на планираното зголемување на капацитетите во патничкиот сообраќај, ќе повлече одреден број на авиони и ќе го намали карго капацитетот.
„Lufthansa“ исто така наведува дека планира да го зголеми присуството во секторот за нискобуџетен авиосообраќај, каде во моментот работи нејзината платформа „Germanwings“.