29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е подарежлив – САД или Кина?

Кој е подарежлив – САД или Кина?

21023331353be4d4d1fdef135072747_640x427

Кина како втора најголема светска економија за три години, заклучно со 2012 година, дала странска помош од 14,4 милијарди долари, покажува извештајот на кинеската влада.

Таа помош, во форма на донации, бескаматни и концесионални заеми, била доделана во 121 држава, од кои 12 се во Европа, се наведува во извештајот, пренесува агенцијата Франс прес.

Вкупната вредност на врачената помош е еднаква на 0,06 проценти од целиот бруто домашен производ (БДП) на Кина, кој во тригодишниот период изнесуваше 139 илјади милијарди јунаи, и е значително под пропишаната цел од 0,7 проценти од БДП која Обединетите нации ја бараат од развиените земји.

САД, чија економија е речиси два пати поголема од економијата на Кина, само за време на фискалната 2012 година овозможила финансиска помош во висина од 31,2 милијарди долари, покажува извештајот на Агенцијата за меѓународен развој.

Кинеската влада не прецизираше кои европски земји добиле помош од Пекинг. Од останатите држави кои добиле кинеска помош, 51 е од Африка, 30 од Азија, 19 од Латинска Америка и Карибите, а 9 од Океанија, се вели во извештајот, во кој се додава дека кинеската странска помош во последните неколку години бележи пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП