8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашите вработени не се успешни како порано? Како да им помогнете?

Вашите вработени не се успешни како порано? Како да им помогнете?

cm33

Понекогаш и вашите најдобри вработени не работат добро. Еве како да ги вратите назад на вистинскиот пат.

Дали некогаш сте имале некој одличен вработен кој едноставно престанал да работи како што треба? Можеби тој почнал да носи лоши одлуки многу често, не се придржувал до кажаното, не работел како што треба и бил отсутен на состаноци?

Од исксуството што го имаат многу директори може да се заклучи дека ова е многу фрустрирачки, затоа што бизнисот почнува да страда.

За да се реши оваа ситуација, најпрво треба да се види дали некои медицински, хемиски или психолошки причини го предизвикуваат проблемот. Но, доколку проблемот не е од овој вид, тогаш треба да размислите што е причина што вашите вработени не се мотивирани како порано.

Најчесто, паметните и добри вработени „оглупавуваат“ кога се презаситени со нешто.

Презаситеноста не мора да биде поврзана со работата. Можните причини за ова може да бидат проблеми во фамилијата, стрес за финасиите и било какви лични проблеми.

Иако ова звучи очигледно, потребно е многу време да се разберат луѓето и нивните проблеми. Понекогаш луѓето лошо работат затоа што работата што ја работат повеќе не ги возбудува.

Она што треба да го направите  вие како работодавач е да го решите проблемот.

Најдобар пристап е директниот. Почнете го разговорот со истакнување на нивниот талент, ефикасност и минат успех. Потоа наборете ги неодамнешните неуспеси и истакнете дека тоа не е својствено за нив, па прашајте што е проблемот. Најверојатно оваа личност веќе знае дека работи полошо од порано, па затоа ќе и биде полесно да каже што е проблемот.

Важно во овие ситуации е и да слушате и да му дадете на знаење на вработениот дека сеуште му верувате, но во ниеден случај не смеете да бидете терапевт и да влегувате во личниот живот на вработениот.

На крај на разговорот, мора да се согласите дека лош перформанс на работното место е неприфатлив и дека вработениот мора да се врати на вистинскиот пат. Дискутирајте кога може да се очекува вработениот повторно да работи добро. Кога ќе се согласите на прилагодувањата, направете распоред на активности со точни временски интервали.

Паметните луѓе не оглупавуваат лесно, затоа, кога имате работа со некое надворешно влијание, вие треба да знаете како да се справите со тоа и дека ова е најчесто минлива фаза, која најверојатно за брзо време ќе помине а вашиот вработен ќе биде истиот од порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП