2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Аргентина преку пенали до финалето

СП 2014: Аргентина преку пенали до финалето

argentina0093

Аргентина е вториот финалист на Светското фудбалско првенство, откако синоќа по изведувањето на пеналите ја совлада Холандија со 4:2. Во основните 90 и продолженијата од 30 минути резултатот беше нерешен 0:0.

Ова беше еден од најнеинтересните натпревари на Мундијалот во Бразил. Често пати од трибините се слушаа свирежи упатени и кон едните и кон другите, како израз на негодување на присутните 60 илјади навивачи во Арена „Сао Пауло“.

Најсериозните шанси за гол се случија во последните моменти од основните минути кога ударот на Ариен Робен со лизгачки старт го спречи Хавиер Маскерано и не дозволи Холанѓаните да се радуваат. Аргентинците ја имаа можноста на мечот преку Родриго Паласио пред крајот на второто продолжение, но неговиот удар со глава беше спречен од холандскиот голман Јаспер Силесен.

Јунак на пенал серијата беше голманот на „Гаучосите“ Серхио Ромеро кој ги одбрани ударите на Рон Влар и Весли Снајдер.

Во финалето в недела во Рио де Жанеиро Аргентина ќе игра против Германија. Ова ќе биде трето финале меѓу овие две репрезентации на Светските првенства. 1986 година во Мексико Аргентинците победија со 3:2, а четири години подоцна во Италија се радуваа Германците по минималната победа од 1:0.

Ден порано (в сабота) за третото место ќе се борат Холандија и домаќинот на Мундијалот Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП