19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ56 милијарди долари вредна нарачка од Emirates Airlines за Boeing

56 милијарди долари вредна нарачка од Emirates Airlines за Boeing

boing1h75u5

Авиокомпанијата „Emirates Airlines“ и „Boeing“ вчера ја потврдија информацијата за нарачката на 150 авиони „Boeing 777x“, обновената верзија на популарниот модел, со вкупна каталошка вредност од 56 милијарди долари.

За тоа дека „Emirates Airlines“ нарачале две верзии од „Boeing“ првично беше објавено на авиосаемот во Дубаи, одржан во ноември. Авиокомпанијата има намера да купи 115 авиони „777-9x“ и 35 „777-8x“. Притоа, договорот прeдвидува и нејзино право да купи дополнителни 50 авиони од тој модел, со што вредноста на договорот може да се зголеми на 75 милијарди долари.

Во моментов во флотата на „Emirates Airlines“ се наоѓаат 138 „Boeing 777“ и 208 „Being 777s“.

Се очекува дека производството на „Boeing 777x“ ќе започне во 2017 година, а испораките ќе бидат готови во 2020 година.

Претходно „Emirates Airlines“ ја откажаа нарачката од авиокомпанијата „Airbus“, во која беа порачани 70 „Аирбус-350“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП