3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Зелено светло“ од германската влада за формирање на банкарска унија

„Зелено светло“ од германската влада за формирање на банкарска унија

njemackag4ty54y7

Германската влада денес го усвои пакетот предлози од законот со кои се дава „зелено светло“ за формирањето на европската банкарска унија, како еден од клучните одговoри на Европа на кризата во финансискиот сектор, изјави денес неименуван извор од германската влада.

Според планот на ЕУ, би требало да постои еден супервизор кој ќе ги надгледува банките во еврозоната, потоа еден орган кој ќе ги одредува правилата за затворање или реструктуирање на проблематичните банки, и едно тело во кое ќе се слеваат парите со цел да се плати се, пренесува агенцијта Ројтерс.

Со цел даночните обврзници во еврозоната да имаат пониски трошоци, европските законодавци изработија еден закон според кој најпрво акционерите, кредиторите и големите депоненти ќе ги изгубат парите во случај на пропаст на банката.

Според усвоениот германски нацрт од овој закон, кредиторите и сопственици на ослабените германски банки веќе во 2015 година ќе почнат да се соочуваат со тоа, односно една година претходно од моментот кога ова правилно ќе започне да важи во цела ЕУ.

Европската централна банка би требало на крајот на оваа година да почне со надзорот на големите банки во еврозонта, и тоа ќе биде првиот чекор кон воспоставувањето на банкарската унија. Наредниот чекор ќе биде основањето на заедничко тело, чија задача ќе биде да ги спречи проблематичните банки заедно со себе во бездна да ја повлечат и владата на земјата, како што тоа беше случај со Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП