28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај 194 одобренија за градење

Во мај 194 одобренија за градење

gradeznici-aktivnosti-stranstvo

Во мај годинава во Македонија се издадени 194 одобренија за градење што е за 7,2 проценти помалку во однос на мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.849.517.000 денари, што е за 236,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (71,7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 27 (13,9 проценти) за нискоградба и 28 (14,4 проценти) за реконструкција.

Од вкупно 194 објекти, на 150 (77,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (22,7 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 504 станови со вкупна корисна површина од 43.765 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП