24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагубата на словенечките банки во 2012 година изнесуваше 664 милиони евра

Загубата на словенечките банки во 2012 година изнесуваше 664 милиони евра

nlbskupina1

Загубата на словенечките банки во 2012 година изнесуваше 664 милиони евра, објави во вторникот словенечката централна банка.

Како што е наведено во соопштението на банката, тоа е загуба пред оданочување, покажуваат неревидираните и неконсолидираните податоци. Објавената загуба е малку поголема од првата проценка, која пред четири дена на банкарско-финансискиот форум во Љубљана ја соопшти гувернерот на централната банка Марко Крањец. Тој тогаш процени дека загубата на словенечките банки за 2012 година изнесува 606 милиони евра, наспроти 539 милиони евра кои беа забележани во 2011 година.

Најголем дел од загубата беше забележан поради отписот и резервацијата на лошите кредити, кои биле доделени пред 2009 година, а ваквите пробелеми се присутни и во трите најголеми банки, во кои државата е мнозински сопственик. Тие банки се Нова Љубљанска банка (НЛБ), Нова кредитна банка Марибор (НКБМ) и Абанка.

Отписите и резервациите, поради слабеењето на крединото портфолио, кои банките мораа да ги поминат минатата година, се зголемени за 23 проценти во споредба со 2011 година, на вкупно 1,5 милијарди евра, објави во вторникот словенечката централна банка.

Проблемот со лошите кредити на банките и чистењето на нивните контаминирани биланси, сегашната влада има намера да ги реши со повеќегодишна програма, која е наречена „акција за слабите банки“.

Законот за тоа беше прифатен од страна на парламентот, но се уште не е во функција. Се пресметува дека со таков начин на рефинансирање на водечките банки, државата на банките ќе им даде државни обврзници во висина од три до четири милиони евра, потоа на банките за докапитализација ќе им биде потребна уште една милијарда евра, односно дополнителни свежи средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП