25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Индија оваа година ќе изнесува околу шест проценти

Економскиот раст на Индија оваа година ќе изнесува околу шест проценти

indijajkfn7y94yt

Овогодишниот економски раст на Индија би можел да достигне ниво од шест проценти, се наведува во најновиот извештај на индиското Министерство за финансии.

Во извештајот на министерството за финансии во пресрет на претставувањето на првиот буџет на новиот премиер на Индија, Нарендра Моди се наведува дека економскиот раст на Индија за фискалната 2013-2014 година изнесува 4,7 проценти, што е помалку од предвидувањата на поранешната влада, пренесува агенцијата АФП.

Прогнозите за економскиот раст за фискалната 2014-2015 година која завршува во март 2015 година се од 5,4 до 5,9 проценти.

Едно од изборните ветувања на новоизбраниот премиер Моди е и поттикнувањето на економскиот раст и зголемувањето на инвестициите.

Економските аналитичари предвидуваат дека економскиот раст на третата економија на Азија за наредната година ќе изнесува 5,5 проценти.

Во извештајот се оценува дека инфлацијата која повеќе месеци му се приближува на нивото од 10 проценти, би требало да биде забавена до крајот на годината, што на централната банка ќе и овозможи да ги намали каматите.

Економскиот раст на Индија веќе две години е забавен, и намален на ниво под пет проценти, додека на почетокот на 2000 година тој надминуваше 10 проценти.

Приоритет за новата влада за тековната фискална година, како што се наведува во извешајот, е намалување на буџетскиот дефицит и подобрување на државната инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП