5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAsus забележа пад на приходите

Asus забележа пад на приходите

asus pari

„Asus“ го објави консолидираниот финансиски извештај за јуни според кој компанијата остварила приход од 1.13 милијарди долари, што е пад од 7.9 проценти на месечна основа, т.е. раст од 0.37% на годишна основа.

Продажбата во вториот квартал донела 3.52 милијарди долари, поради што е забележа секвенцијален пад од 4.66%. Oд јануари до јуни продажбата достигна 7.21 милијарди долари што е раст од 0.82% на годишна основа.

Како причина за остварување на послабите резултати од очекуваните за вториот квартал од годината, „Asus“ ја наведува нестабилноста во доставата на компоненти за склопување на паметните телефони, слабата побарувачка за таблети во светот, т.е. малата побарувачка за преносни компјутери во Кина.

Во текот на вториот квартал „Asus“ планираше да испорача 1.5 милиони смартфони, но испорача околу еден милион.

Причината за недостигот во испораките се крие во фактот дека „Asus“ нема приоритет за набавка на опрема кај своите добавувачи, што создаде недостиг и не било можно да се испорача планираната количина на паметни телефони. Дополнителен проблем за „Asus“ претставува слабата испорака на таблети и преносни компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП