15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја избегна рецесијата

Русија ја избегна рецесијата

moskva

Русија ја избегна рецесијата во вториот квартал и растот во оваа година би требало да ги надмине очекуваните 0,5 проценти, изјави заменик министерот за економија Андреј Клепач.

„И ние очекувавме техничка рецесија во вториот квартал. Изгледа дека ја избегнавме и нашата прелиминарна проценка од нула проценти за растот сега е корегирана, изјави Клепач.

Забавувањето на растот беше поинтензивно на почетокот на годината поради одливот на капитал поради украинската криза. На годишно ниво, ќе добиеме повеќе од 0,5 проценти, вели Клепач, кој сепак посочи дека ситуацијата е „нестабилна“.

Рускиот министер за економија Алексеј Улјукајев неодамна оцени дека растот би можел да надмине еден процент на годишно ниво, што се смета за одличен резултат со оглед на украинската криза.

Клепач очекува раст на индустриското производство од 1,6 проценти на годишно ниво. Меѓутоа, одливот на капитал би можел да достигне 100 милијарди долари, а официјално е проценето дека ќе изнесува 90 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП