19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРешен проблемот со водоснабдувањето на Куманово

Решен проблемот со водоснабдувањето на Куманово

kumanovo voda

Се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на општина Куманово откако денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) директорите на ЈП Водовод Куманово и на водостопанство Кумановско-липковско поле, Горан Стојковски и Филип Филиповски, договорија цената на метар кубен вода со вклучен ДДВ да биде 4,8 денари.

Како што соопшти МЗШВ, цената е прифатлива за двете страни, а се постигна со посредство на ресорниот министер Михаил Цветков.

„Водостопанство Кумановско-липковско поле презема обврска за непречена дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово за редовно плаќање на фактурите согласно договорената цена и сервисирање на старите долгови кон водостопанството Кумановско-липковско поле“, информира Министерството за земјоделство.

Договорено е и, со помош на програмите на МЗШВ, да се извршат зафати на хидросистемот Кумановско-липковско поле за санација и ревитализација.

На средбата присуствуваа и државниот секретар Бесир Јашари, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како и пратениците во Собранието на Република Македонија од Куманово Зоран Ѓорѓиевски и Реџаил Исмаили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП