2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПравила за однесување на состанок: Како да го користите мобилниот телефон?

Правила за однесување на состанок: Како да го користите мобилниот телефон?

479329765

Просечниот човек го проверува својот телефон повеќе од 100 пати дневно, покажуваат последните истражувања. Но кога сте на состанок, како и кога треба да го користите?

Луѓето се поважни од телефонот

Кога сте во друштво, а особено на некој важен состанок, телефонот секогаш треба да биде на второ место. Нема полошо од тоа кога се обидувате да разговарате со некој, а тој цело време го проверува својот телефон.

Прашајте пред да се јавите

Кога ситуацијата е итна и примате повик кој никако не можете да го одбиете или одложите за подоцна, пред да се јавите прашајте. Секогаш прашајте го соговорникот дали ќе му пречи вашиот краток разговор. Со тоа ќе оставите многу добар впечаток.

Не дозволувајте луѓето да ве чекаат

Не ги нервирајте колегите и соработници така што тие ќе треба да ве чекаат да го завршите разговорот пред да им се обратите или да им одговорите нешто.

Не се обидувајте со мултитаскинг

Не се обидувајте да зборувате на телефон или да го прегледувате телефонот во исто време додека трае разговорот или деловниот состанок, тоа е невозможно бидејќи мозокот не е способен 100 проценти да им се посвети на две работи одеднаш, а вие на таков начин ќе оставите впечаток на несериозно лице.

Доколку сте љубезни и покажете почитување кон другите, ќе бидете едни од ретките кои правилно го употребуваат мобилниот телефон во друштво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП